Османи: Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош, секоја држава самостојно одлучува како ќе се однесува
До Министерството за надворешни работи нема официјален допис од Европската Унија дека ќе дозволуваат влез со пасоши кои го содржат старото државно име. Земјите членки сами одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидност на пасошите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи денеска на прес-конференција соопшти дека досега само две земји имаат …