Смилево беше европска лабораторија за алтернативна фотографија за време на одржувањето на фестивалот „Зрно“
Во манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево од 17 до 23 јули се одвиваше едно од најнеобичните и најживописни собирања на фотоуметници ова лето во овој крак на галаксијата. Околу педесет фотографи, студенти по визуелни уметности и млади автор(к)и од цела Европа, заедно со волонтери од Македонија, Србија и Словенија, учествуваа на седмото издание …