ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Не разбирам како може некој да загадува ваква преубава природа, вели словенечкиот амбасадор Прескер
Грегор Прескер од минатата година е амбасадор на Словенија во Република Северна Македонија. Тој за Македонија има само пофални зборови, вели дека е прекрасна земја, со убава храна, го издвојува предјадењето со ајвар, македонското сортно вино, интересните туристички места, традицијата, но и гостопримливоста на народот. Со Прескер ексклузивно го имаме првото интервју на македонски јазик …