Претседателот на Чешка: Со притисокот на слободните земји порано или подоцна Русија ќе се повлече од Украина
Чешкиот претседател Милош Земан повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина, јави ДПА. „Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина“, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање. …