Стефановски го собори најстариот македонски рекорд. Уште колку „антички“ рекорди ни останаа?
Репрезентативецот на Македонија и атлетичар на АК Делта, Огнен Стефановски (20), собори национален рекорд во скок со стап кој опстојуваше уште од 1968 година. На Европското екипно првенство трета дивизија во Марибор, Стефановски прескокна 4,05 метри што е скромно во меѓународни рамки, но е национален рекорд на Македонија. Не зачудува радоста на Стефановски по успехот, …