• ски-центар

Почнува сезоната во ски-центарот Стрежево, бесплатно ноќно скијање ако дозволат условите

Од ски-центарот „Стрежево“ на Пелистер информираат дека вечерва ќе има промотивно скијање од 18:00 до 21:00 часот доколку временските услови тоа го дозволат (доколку нема густа магла која значително ја намалува видливоста). А, утре продолжуваат со денско скијање од 9:00 до 15:00 часот. Денеска беше отворена сезоната со промотивно скијање.