ВИДЕО | Рамос не дозволи финалистот од ЛШ да слави во првиот натпревар на Светското клупско првенство
Фудбалерите на Интер не победија на стартот од Светското клупско првенство, одигрувајќи само 1:1 против Монтереј. Европскиот вицешампион важеше за апсолутен фаворит, но мексиканскиот тим, предводен од капитенот Серхио Рамос, одигра одлично. Токму искусниот 39-годишен Рамос во 25. минута донесе водството за Монтереј, кога по еден корнер, со удар со глава го совлада Јан Зомер. …