Петмина пријавиле симптоми на труење со храна, привремено затворена сендвичарница во Штип
По пријава од Центарот за јавно здравје Штип за можно труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спровеле вонреден надзор во сендвичарница во Штип. Како што соопшти АХВ, пет лица пријавиле симптоми на труење по консумирање сендвичи со пилешки стек. Земени се примероци од храната и брисеви од работните површини …