„Пуцко петрол“ вели дека не увезувала мазут: „Се нарушуваат угледот и реномето на компанијата“
Компанијата „Пуцко петрол“ попладнево испрати соопштение во кое „категорично отфрла каква било вмешаност со набавката на мазут“. Од компанијата велат дека нејзиното име „непотребно се споменува во целиот случај“ со спорната набавка на мазут за државни потреби, која е предмет на истрагата во чии рамки е осомничен и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Тие …