ВИДЕО: Бабунски го постигна првиот гол во дресот на Ниреѓихаза
Мaкедонскиот повремен репрезентативец, Доријан Бабунски викендов го постигна својот првенец во дресот на Ниреѓихаза од Унгарија. Бабунски во листата на стрелци се запиша во дуелот против Ујпешт кој заврши без победник 2-2. Македонскиот фудбалер го постигна првиот гол на натпреварот во 12. минута. На теренот Бабунски помина 86 минути кога беше заменет. Преземено од: Спорт.ком.мк