По 4 часовна борба локализиран пожарот во велешко
Противпожарните служби и доброволците кои помагаа го локализираа пожарот кој беснееше во велешко. -По 4 часовна борба со пожарот во Велес ве информираме дека пожарот е локализиран на сите три позиции, информира скопската противпожарна служба на Фејсбук која се приклучи во гаснењето на огнената стихија.