Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на важен проект за понатамошна изградба на еврејски населби на Западниот Брег, пренесуваат западните медиуми. – Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, тоа место ни припаѓа нам, рече Нетанјаху за време на посетата на населбата Маале …