Почина Бади Винкл, 97-годишна модна сензација која им пркосеше на годините и се дружеше со Мајли Сајрус и Гвен Стефани
Хелен Рут Елам Ван Винкл, попозната во јавноста како Бади Винкл, почина на 4 септември 2025 година, на 97-годишна возраст. Имено, веста беше објавена на нејзиниот официјален Инстаграм профил, со емотивно збогување: „Ако вчера заврши една ера, мојата прабаба Хелен танцуваше до рајот. Ова не е збогум, ова е ‘Се гледаме подоцна, моја суперѕвезда’“. …