Интервју со Звонко Танески од Катедрата за словенски филологии во Нитра: За остварените успеси најдобро зборуваат самите дела
Најголема желба на еминентниот македонско-словачки универзитетски професор Звонко Танески е во Нитра да биде отворен Лекторат по македонски јазик, со што посилно ќе заживеат културните релации помеѓу двете држави. Професорот на Катедрата за словенски филологии на Филозофскиот факултет во Нитра, Звонко Танески, веќе дваесет години својата професионална кариера ја гради во две културни средини: македонската …