Тетовец обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал

Тетовската полиција поднсе кривична пријава против А.А.(21) од тетовското село Чифлик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. На 19 минатиот месец на социјалната мрежа „Тик Ток”, пријавениот објавил видео клип со песна со говор на омраза.