Власта им стана „најверна сенка“ на медиумите за 430 илјади евра годишно и уверува дека нема да ги оценува како „позитивни“ „негативни“ и „неутрални“!
Секое утро најдоцна до 9 часот, на мејл во Службата за општи и заеднички работи и 30-те институции кои ги опслужува ќе стигнува дневниот извештај на објави од медиумите и од социјалните мрежи по теми и по датуми, со име и презиме на новинарот и медиумот за кој работи, согласно клучните зборови што ги избрал …