Африм Гаши поради болки бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Кабинетот на претседателот на Собранието сè уште не се огласил и нема информации дали Гаши е сè уште на клиниката или е пуштен на домашно лекување по интервенцијата. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.