ВИДЕО: Маркова Река се излеа, поплави куќи во Батинци
По обилните врнежи од дожд во изминатите денови, денеска се излеа Маркова река, а поплавени се дел од улиците и куќите во селото Батинци, јави ТВ „21“. Вечерва во селото на терен е и механизација со која локалните власти и жителите на селото се обидуваат да ја насочат водата назад во коритото на реката.