Багерите и полицијата се повлекоа, се одложи уривањето на објектот кој пречи да се пробие тетовскиот булевар „Благоја Тоска“
Најавеното уривање на последниот објект каде треба да се пробие булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово не се реализираше. Градежна механизација со асистенција од полицијата излезе на терен, но по негодување на сопственикот да го напушти објектот, Општина Тетово му даде уште една недела рок за исселување. Експропријацијата е завршена, местото катастарски му припаѓа на општината, …