Исчезна 13-годишник од установа за згрижување деца
Во Полициската станица Карпош денеска кратко по полноќ било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечил нивниот 13-годишен штитеник А.Х., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.