Исчезнало 12-годишно девојче од Скопје, мајката пријавила во полиција

Скопјанка вчера пријавила во полиција дека нејзината 12-годишна ќерка излегла од дома и не се вратила, соопшти полицијата. „На 05.10.2025 во СВР Скопје, Е.Љ. од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 12-годишна ќерка М.Љ.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето“, велат од МВР.