На фестивалот „Илинденски денови“ ќе се одржи „Балканско патување“ со гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска
Во рамки на 54. фестивал „Илинденски денови“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска ќе одржи концерт на 28 јули, со почеток во 21 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот е со наслов „Балканско патување“ и претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на …