Изгаснат пожарот во Кочани, тројца се хоспитализирани поради вдишување чад
Во пожарот што денеска попладне избувна на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, хоспитализирани се тројца поради вдишување на чад. Пожарот е успешно изгаснат по неколкучасовна интервенција. Според информациите повредените се надвор од животна опасност. ВИДЕО | Страшен пожар во куќа во Кочани