До Меџитлија вечерва се оди преку селски патишта, главниот пат е затворен кај Кравари

Од 19:30 часот во прекин е сообраќајот на патот од с.Кравари до ГП Меџитлија во двете насоки, соопшти АМСМ. Сообраќајот се пренасочува преку локални патишта низ селата Породин и Бистрица. Нема информации за причините поради кои е затворен патот кај Кравари.