ВИДЕО | Најнеобичниот мост на светот: Не е кружен тек, а по него се вози во круг, на многумина не им е јасно зошто
Мостот што ги поврзува бреговите на лагуната Гарзон во Уругвај можеби е најнеобичниот во светот. Иако беспрекорно ја извршува својата функција, многу луѓе се изненадени од неговата форма. Имено, наместо да ја мине лагуната по најкраток можен пат, односно права линија, овој мост поминува над лагуната правејќи круг. Сообраќајот на кружниот мост не е организиран …