ФК Кожуф: Виновниците нека бидат најстрого казнети доколку истрагата утврди нерегуларности
Башкими запиша триумф на гостински терен против Кожуф со 2:1 во Втората македонска фудбалска лига, но овој меч предизвика бурни реакции поради победничкиот гол кој го постигна кумановскиот тим во самата завршница. Во самиот финиш од натпреварот, во судиското надополнување, домашните играчи делуваа целосно незаинтересирано, додека фудбалерите на Башкими ја искористија ситуацијата и по неколку …