Хуманитарен концерт на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ и институтот „ФЕЈМС“ во чест на жртвите од трагедијата во Кочани
На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со исклучително значење – музичка вечер исполнета со класика, солидарност и поддршка. Концертот е во организација на институтот „ФЕЈМС“, со учество на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот …