Фајронт за новогодишната акција: Засега без најави за нови поскапувања, ама јануари е долг, кој знае…
Откако утре ќе ги тргнат етикетите „помалку трошоци, повеќе за вас“, со кои изминатиов месец ги обележуваат производите од новогодишната акција, барем во првите денови, трговците не очекуваат драстични поскапувања на храната. За „Слободен печат“, дел од менаџерите на маркетите велат дека првенствено цените ќе се вратат на ноемвриското ниво, а што ќе следи понатаму …