Цаневска Арсовска: Орце фантазираше за возот по кејот на Вардар, а сега лаже и дека EXIT ќе се сели во Скопје
Скопје заслужува сериозни културни политики, реални проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба, порача денеска на прес-конференција кандидатката за советничка и носителка на листата на СДСМ и Коалицијата во Град Скопје, Катерина Цаневска Арсовска. Таа го обвини кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, …