Лазаров: Знаевме што сакавме во мечот против Литванија – ќе играме со најдобрите во Европа
Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ја победи Литванија со 26:17 (13:11) во Скопје и со тоа се пласираше на Европското првенство 2026. И победа од два гола разлика беше доволна за избраниците на тренерот Кирил Лазаров да обезбедат место на уште едно големо натпреварување, но неговите играчи се потрудија да покажат дека се подобар ривал. …