Силен земјотрес го погоди Ел Салвадор – шест степени по Рихтеровата скала
Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала рано утрово по локално време го погоди брегот на централноамериканската држава Ел Салвадор, беше објавено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 134 километри југозападно од градот Санта Ана на длабочина од 10 километри.