Временска прогноза на УХМР во текот на следните денови

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени. Извор: МИА