ФОТО: Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја освои титулата на турнирот во Сплит
Денеска во финалето на турнирот во двојки во Сплит, Хрватска, Лина Ѓорческа заедно со Вероника Ерјавец дојдоа до титулата. Во завршниот меч за трофејот македонско-словенечкиот пар со резултат 2:0 во сетови 6:1 и 6:4 триумфираше над Ника Радишиќ (Словенија) и Тара Вурт (Хрватска). Претходно Ѓорческа и Ерјавец со 2:0 (6:2, 6:0) во осминафиналето славеа против …