Привремено блокирана понудата на Трамп до државните службеници да поднесат оставка со отпремнина
Федерален судија во Бостон привремено го блокираше спроведувањето на програмата според која владините службеници можат да дадат отказ во замена за отпремнина, што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја понуди во обид да ја намали големината на федералната влада. Вработените во Владата имаа рок до синоќа на полноќ да одлучат дали прифаќаат таква програма. …