Костовски го објави целиот извештај од истрагата за „Еуростандард”, на кој реагираше цел банкарски сектор
Најголемиот акционер во „Еуростандард банка”, Трифун Костовски, денеска го објави целиот извештај од истрагата за случувањата во банката, што по негова нарачка го подготви тим предводен од Словенецот Драго Кос, меѓународен експерт за борба против корупцијата и организираниот криминал. Извештајот, кој вчера го претстави Костовски на прес-конференција, е достапен на неговиот портал „Човекот пред се”. …