Разговор со Дени Омерагиќ од групата „Светлост“ за нивниот нов проект: Апсолутен панк-џез!
Скопскиот колектив „Светлост“ здружува сили со две големи меѓународни имиња на современиот џез, Кен Вандермарк и Паал Нилсен Лав, со кои на 16 април ќе одржат концерт во МКЦ, а потоа ќе следува и снимање заеднички албум. Препознатливи по својот спонтан пристап, разноликата жанровска естетика и бестрашниот однос кон звукот, „Светлост“ успешно синтетизираат џез, ноиз …