Денеска се навршуваат 101 година од раѓањето на Ацо Шопов, еден од најзначајните македонски поети на сите времиња
На денешен ден 1923 година е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. Тој беше македонски поет, преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија. Уште како гимназијалец, во 1940 година, Шопов станал член на СКОЈ, а две години подоцна, се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска …