• запалено возило

Камион се запали во движење кај Плетвар

Камион попладнево се запали во движење кај превојот Плетвар, по што интервенирале прилепските пожарникари. „На 19.08.2025 година, во 16:00 часот, дежурната служба на ПС ОН Прилеп пријавила самозапалено товарно моторно возило на патот А3, Прилеп – Градско“, информираат од АМСМ, Инцидентот се случил во близина на исклучувањето за селото Ореовец.