Адвокатот на граѓаните десеткуван пред избори
Собранието не само што не избра народен правобранител и најверојатно нема ни да избере до завршувањето на изборите, туку институцијата која треба да биде адвокат на граѓаните и да ја следи евентуалната злоупотреба на избирачкото право, од 26 август останува само со двајца заменици. Едниот, заменикот Илбер Руфати од Кичево, е потписникот наместо народниот правобранител. …