Сиљановска-Давкова во Драч учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“. Во фокусот на годинашниот состанок, како што соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе бидат неколку теми: европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), …