Фото: Миа

Тадиќ: Ова што го зборува Вучиќ ни кажува дека Србија е целосно понижена земја

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, на Твитер напиша дека она што го кажа претседателот Александар Вучиќ за уцената упатена до Србија за да го прифати европскиот план за Косово, говори дека за време на оваа власт Србија е „целосно понижена земја“.

„Вучиќ цела деценија се фали дека Србија за време на неговото владеење била почитувана земја, која веќе никој не може да ја понижува и уценува. Она што сега го кажа за уцената испратена до Србија јасно покажува дека за време на оваа влада Србија е целосно понижена земја“, напиша Тадиќ на Твитер за време на обраќањето на претседателот Вучиќ до јавноста.

На говорот на Вучиќ, кој рече дека Србија е под ултиматум од Западот околу прифаќањето на европскиот план за Косово, реагираше и Партијата на слободата и правдата, односно нејзиниот претседател Драган Ѓилас:

„За мене би било кривично дело некој да го признае Косово, но исто така би било злосторство некој да ја негира европската иднина на генерациите што доаѓаат“, вели опозиционерот Ѓилас.

Вучиќ во обраќањето рече дека европските претставници во моментов имаат досега најостар пристап кон прашањата околу Косово и дека на средбите му било јасно кажано која ќе биде цената за Србија доколку властите во Белград не го прифатат последниот европски план.

„Ќе се соочите, под еден: со прекин на евроинтегративниот процес, под два: ќе се соочите со запирање и повлекување на инвестициите, под три – сеопфатни мерки во политичка и економска смисла, што ќе ѝ наштетат на Србија. Ова ми беше повторено уште трипати во текот на разговорот и секојпат жестоко реагирав“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот