
Светски првак со Германија ги закачи копачките на клин
Фудбалерот Џером Боатенг, кој со Германија во 2014 година го освои Мундијалот, а со Баерн Минхен два пати ја освојуваше Лигата на шампионите, објави дека става крај на играчката кариера..
Препорачано
Веста ја соопшти преку емотивно видео на својот Инстаграм профил.
„Играв долго, за големи клубови и за мојата земја. Победував, губев, учев и растев. Фудбалот ми даде многу, но сега е време да продолжам понатаму – не зашто морам, туку зашто сум подготвен“, изјави Боатенг.
Боатенг ја започна кариерата во Херта, а потоа настапуваше за Хамбургер и Манчестер Сити, пред да го достигне врвот со Баерн Минхен, каде што играше од 2011 до 2021 година. Подоцна ги бранеше боите на Лион, Салернитана и ЛАСК. За германската репрезентација одигра 76 натпревари и освои светска титула во Бразил. Учествуваше и на уште два Мундијали (2010 и 2018), како и на две Европски првенства (2012 и 2016).
„Благодарен сум на сите клубови, навивачи и луѓе што ме поддржуваа, а најмногу на моето семејство и децата – секогаш беа покрај мене“, рече тој.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
2час
-
2час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5