
Светот никогаш немал повеќе милијардери од сега
Светските милијардери се побогати од кога било досега, покажува годишната листа на магазинот Форбс на најбогати луѓе во светот.
Никогаш немало повеќе милијардери во светот до сега. Ова е 39-то издание на оваа листа, а оваа година има рекордни 3.028 милијардери – најмногу откако Форбс ја објавува листата. Чејс Петерсон-Виторн, уредник во Форбс, вели дека вкупното богатство на листата се зголемило за дополнителни 2 милијарди долари во споредба со минатата година. Вкупниот имот на милијардерите сега се проценува на 16,1 трилиони долари.
Препорачано
„Одлично време е да се биде милијардер“, рече Петерсон-Виторн.
Како Форбс ја составува оваа листа?
Петерсон-Виторн вели дека на листата работат повеќе од 100 новинари ширум светот, кои анализираат сè, од акциите на јавните компании до проценките на приватните компании, готовината, инвестициите и како милијардерите ги трошат своите пари во слободното време.
„Ние анализираме сè, од уметност, јахти, колекции на автомобили, до колекции на фосили од диносауруси и кој знае што друго поседуваат милијардерите“, вели тој. „На крајот на денот, тоа е збирот на вредноста на нивната вкупна актива, минус нивните долгови.
Некои милијардери избираат да соработуваат со Форбс и да споделуваат информации за нивниот имот, но за оние кои не го прават тоа, новинарите користат државни регистри, судски документи, офшор регистри, како и информации од различни протекувања. Тие разговараат со самите милијардери, со нивните соработници и конкуренти за да добијат одговори на прашања кои „многу милијардери попрво не би ги слушнале“.
Кои се најбогатите на овогодинешната листа?
Најмногу милијардери имаат САД – 902, потоа Кина и Хонг Конг со 516, додека на трето место е Индија со 205 милијардери.
Топ 9 најбогати луѓе по богатство и извор на имот се:
Илон Маск – 342 милијарди долари (Tesla и SpiceX)
Марк Цукерберг – 216 милијарди долари (Фејсбук/Мета)
Џеф Безос – 215 милијарди долари (Амазон)
Лари Елисон – 192 милијарди долари (Oracle)
Ворен Бафет – 154 милијарди долари (Беркшир Хатавеј)
Лери Пејџ – 144 милијарди долари (Google/Alphabet)
Сергеј Брин – 138 милијарди долари (Гугл/Алфабет)
Амансио Ортега – 124 милијарди долари (Индитек – Зара и други брендови)
Стив Балмер – 118 милијарди долари (Мајкрософт)
Петерсон-Виторн вели дека јавното мислење значително се променило, особено по движењето „Окупирај го Волстрит“ од 2011 година, кое следеше по Големата рецесија во 2008 година.