Банер со натпис „Ова е земја во која се доцни со се, само се умира предвреме“ во Кочани, истакнат во центарот на градот по трагедијата во дискотеката „Пулс“ / Фото: Слободен печат

„Сапорт Кочани“ не се препознава во изјавите на Мицкоски: Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните

Организацијата „Сапорт Кочани“, која им помага на преживеаните и на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, не се пронаоѓа во изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера од Велес изјави дека „едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење“.

„Supportkocani не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение. Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да нè најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница. Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во „Пулс“, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“, се вели во реакцијата на „Сапорт Кочани“.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на прославата на УМС во Велес во говорот се осврна и на критиките од опозициската СДСМ, оценувајќи ги како злоупотреба на трагедијата во Кочани.

„Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори. Паралелно со ова што тие го говорат тече и прекиот суд на прес-конференции на СДСМ“, рече Мицкоски.

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК ѝ остави 2.000 денари на власта на улица во Кочани, да дојдат да запалат свеќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот