Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Судот ја одби жалбата: На фудбалер на Реал Мадрид му се заканува затворска казна од пет години

Шпанскиот суд ја одби жалбата на младиот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио кој е под истрага за ширење на детска порнографија и би можел да се соочи со затворска казна од пет годни, пренесуваат медумите.

Асенсио сезонава и дебитираше во првиот тим на Реал Мадрид кој се соочи со многу проблеми со повреди, но истовремено се соочува и со проблеми надвор од тереот.

Заедно со уште тројца младинци од редовите на Реал Мадрид во септември минатата година беа уапсени поради снимање и ширење на видео со секусална содржина со девојка која имала 16 години.

Процесот е во текот, а адвокатката на Асенсио побарала од судот обвинението кон нејзиниот клиент да биде отфрлено, сепак тоа барање е одбиено.

Според судот постоеле индикации за нелегални активности, па поради тоа процесот против Асенсио ќе продолжи. За делото за кое се обвинува, Асенсио може да заработи и затворска казна од пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот