Судењата за „Таргет-тврдина“ и за „Трезор“ ќе се интензивираат за да не застарат

За повторените судења за „Таргет-тврдина“ и за „Трезор“ во кои еден од обвинетите е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, се закажани термини кон крајот на месецов и, како што информираат во Основниот кривичен суд Скопје, тие ќе добијат на интензитет за да се одбегне нивно евентуално застарување.

– Судиите од двата предмети се согласија дека треба да им се даде на интензитет – велат во Судот.

На прашање зошто рочиште за „Таргет-тврдина“ не е закажано порано, во Судот одговорија дека судијата Илија Трпков постапува по други предмети.

„Таргет – Тврдина“ е случајот за масовното прислушување, каде што првообвинет е Мијалков и за кој Апелацискиот суд пред неколку месеци ја укина пресудата на која и претходеше процес од пет години. Ако динамиката тече исто како и претходно, а делата на обвинетите им застаруваат во 2025 година, односно за две години, тогаш пресметките покажуваат дека е невозможно да се дочека одговорност за масовното прислушување.

За „Трезор“, Мијалков беше осуден на осум години затвор и требаше во буџетот да врати и 860 илјади денари за колку што го оштетил буџетот при набавка на опрема и услуги за УБК/МВР. Апелацијата ја укина пресудата со образложение дека Кривичниот суд направил суштествени повреди во постапката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот