Фото: AdmiralBet ABA League/Twitter

„Студентите“ паднаа во Аеродром, МЗТ се радуваше на прва победа во АБА лигата

МЗТ Скопје вечерва ја оствари првата победа во престижната АБА лига после 2018 година кога беше совлада Цибона. Денес клубот од Аеродром беше подобар од Студентски Центар Дерби со 92:79.

Победата МЗТ ја обезбеди со серијата од 16:2 која започна со тројката со звукот на сиерната на Мајк Кафи на крајот од првиот период. Кон средината на третиот период МЗТ имаше највисоки до тој момент плус 12 (60:48).

Продолжи добрата игра на МЗТ и во последните десет минути кога стигнаа до 72:57. Со овој резултат веќе се најавуваше крајниот епилог. МЗТ вечерва беше подобар скоро во секојата категорија и заслужено се радуваа на триуфмот.

Лидер на МЗТ беше Мајк Кефи со 23 поени, четири скока и седум асистенции, по 13 поени постигнаа Самет Југитоглу и Страхиња Миќовиќ. Дамјан и Војдан Стојановски натпреварот го завршија со 14 односно 10- поени. Цедевита Олимпија ќе биде следен противник на македонскиот шампион, овој натпревар се игра в сабота во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот