Фото: Принтскрин / Инстаграм

Струмичанката Тина Русева ќе настапи на големата сцена на „Д Војс“ во Германија

Талентираната струмичанка Тина Русева е пред нов голем предизвик, настап на престижното музичко шоу „Д Војс“ во Германија (The Voice of Germany). Родена и израсната во Струмица, а денеска со адреса во Леверкузен, таа ја носи својата музичка приказна на интернационална сцена, подготвена да ја покаже магијата на својот глас, пренесува „Струмица денес“.

Со својот енергичен настап и харизма, Тина најавува дека ќе им остави силен впечаток на жирито и публиката. Нејзините сограѓани веќе ја поддржуваат и веруваат дека пеењето ќе и биде природно како игра, оставајќи трага во срцата на сите кои ќе ја слушнат.

Новата сезона започнува на 25 септември на ProSieben од 20:15 часот, а наскоро ќе биде познат и датумот кога Тина ќе застане на големата сцена. Дотогаш, останува да и посакаме многу успех и да ја бодриме нашата струмичанка во оваа музичка авантура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот