Фото: Wikimedia Commons

Стопроцентно целулозната тоалетна хартија стана статусен симбол

За време на пандемијата на корона вирусот имаше голем недостиг на тоалетна хартија, луѓето ја купуваа во неверојатни количини, без да гледаат кој ја произведувал или каков е нејзиниот состав. Но, светот се сврте во друга насока – сега не само што гледаме што купуваме, туку изборот на тоалетна хартија е дел од пошироката слика и стана статусен симбол.

На полиците ширум светот има различни линии тоалетна хартија, вклучително и во Србија, на некои пакувања се нацртани атрактивни мотиви за клиентите да им го одвлечат вниманието од читањето на композицијата, некои тоалетни хартии се обоени, други сè уште имаат мирис, други се рециклираат… пишува Н1.

Сепак „кралот“ меѓу тоалетните хартии тивко се етаблираше во домаќинствата и стана важен како козметиката што ја ставате на лицето, а тоа е неизбелена тоалетна хартија од 100 проценти целулоза. Таа хартија сама по себе е незабележителна на решетките – не е снежно бела туку во природна боја на дрво, а на амбалажата пишува дека е направена од 100 проценти целулоза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!