Бојан Стојановски / Фото: ТВ 24

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека Таравари има две опции, или да остане во владата или да соработува со ДУИ.

Според него, доколку Таравари излезе од владата, тоа нема да го наруши владиното мнозинство. Тој зборуваше и за тоа дека локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни избори.

„Утринава имаше изјава каде беа презентирани две опции, изборот е прост, има две опции. Средбата е да се дадат дополнителни објаснувања. Да се даде шанса да се постигне заеднички јазик. Сметам дека ни Таравари не објасни доволно. Ако сака да соработува со ДУИ нема место во владата. Доколку сака да продолжи на патот на промените јасно е на која страна треба да се престрои. Трета опција нема. Нема да има проблем со бадентерот бидјеќи сме кажале дека тоа излегување нема да ја наруши коалцицијата“, рече Стојановски.

Тој објасни и дека локалните избори ќе покажат дали граѓаните сакаат предвремени парламентарни избори.

„Дали ќе има предвремени избори, ќе зависи од резултатите на локалните избори, бидејќи таму ќе го понудиме и нашиот политички легитимитет. На локалните ќе видиме дали има потреба од парламентарни изброи. Ние ќе го понудиме нашиот легитимитет и ќе видиме како ќе пресудат граѓаните“, додаде Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот